Добродојдовте на нашата веб страна
Крушево е место кое по својата положба како највисок град на Балканот (1250м.н.в),специфична физиономија(т.н орловско гнездо) и богато културно-историско значење, претставува интересна и атрактивна дестинација.
Овој спокоен град е како создаден за рекреативците и спортистите. Со својата умерено-континентална клима со планински карактеристики, свежиот чист воздух, како и прекрасните предели од букова и борова шума, им овозможуваат на љубителите на природни убавини, а посебно на планинарите, скијачите, параглајдеристите максимално да ги искористат убавините на недопрената природа во текот на целата година.
Поради сите овие специфични обележја како и единствената архитектура, богатата традиција и обичаи и познатата гостопримливост, очекуваме да го посетите Крушево и да уживате во неговите убавини.
Услуги
- Ноќевање
- Ноќевање со појадок
- Организирање на ручек или вечера во ресторан
- Организирање на забави по желба на гостите
- Организирање разни обуки и мини семинари
- Организирање прошетки по градот со водич.
Главна цел ни е задоволување на барањата и желбите на гостите