Добродојдовте на нашата веб страна

Крушево е место кое по својата положба како највисок град на Балканот (1250м.н.в),специфична физиономија(т.н орловско гнездо) и богато културно-историско значење, претставува интересна и атрактивна дестинација.

MK   EN

 

Овој спокоен град е како создаден за рекреативците и спортистите. Со својата умерено-континентална клима со планински карактеристики, свежиот чист воздух, како и прекрасните предели од букова и борова шума, им овозможуваат на љубителите на природни убавини, а посебно на планинарите, скијачите, параглајдеристите максимално да ги искористат убавините на недопрената природа во текот на целата година.

Поради сите овие специфични обележја како и единствената архитектура, богатата традиција и обичаи и познатата гостопримливост, очекуваме да го посетите Крушево и да уживате во неговите убавини.

Услуги

  • Ноќевање
  • Ноќевање со појадок
  • Организирање на ручек или вечера во ресторан
  • Организирање на забави по желба на гостите
  • Организирање разни обуки и мини семинари
  • Организирање прошетки по градот со водич.

Главна цел ни е задоволување на барањата и желбите на гостите