Знаменитости кои може да ги посетите во Крушево
-
Црква Свети Никола
Црквата Свети Никола е изградена 1905 година на местото на претходната црква(датира од 1832) која била запалена за време на Илинденското востание. Црквата Свети Никола е соборен храм во Крушево и се наоѓа во старата чаршија во централниот дел на овој мал град. Таа е една од најстарите сакрални градби во Крушево. Оваа црква е позната и по прочуениот иконостас работен од тајфата на Петре Филипоски - Гарката.
-
Црква Свети Јован
Црквара Свети Јован е изградена во 1897 година и се наоѓа во непосредна близина на центарот на Крушево. Црквата поседува иконостас работен од Нестор и Лазар Алексиевски. Внатре во црквата исто така се забележуваат две големи печки типични за Крушевските куќи.
-
Црква Свети Богородица
Црквата Свети Богородица се наоѓа високо во горниот град, во близина на старото училиште Никола Карев и историскиот музеј. Таа била изградена во 1867 година и, оттаму, е втората најстара црква по Св. Никола (која датира од 1832. Во внатрешноста на црквата зачувани се големи делови од богатиот фрескоживопис кој бил насликан уште при нејзината изградба.
-
Манастир Свето Преображение
Манастирирот Свето Преображение се наоѓа на планината Бушава во областа позната како Бела Вода, на 1560 метри надморска височина. Ова е 7 километри северо-западно од градот Крушево. Црквата се гради врз основа на постара црква од средниот век. Тоше Проески - најдобриот поп македонски пејач спонзорираше и помогна во градбата на манастрирот.
-
Манастир Свети Спас
Манастирот Свети Спас е изграден во 1836. Тој се наоѓа во Трстеник на патот од Прилеп до Крушево. Патот до манастирот е во долината пред да почне патот за качување до Крушево. Можете да ја поминете ноќта во манастирот. Собите се чисти и неодамна обновени. Тоалетот и тушот се во посебен дел од зградата.