Знаменитости кои може да ги посетите во Крушево

  • Музеј Леарница

    Музејот Леарница постои откако е повторно отворен од 2003 година. Тој се наоѓа во истата куќа во која пред и за време на Илинденското востание била сместена тајната работилница за изработка на куршуми за потребите на востаниците. Во овој музеј изложена е и мошне обемна збирка оружје што било употребувано од востаниците. Покрај другото, тука е и личното оружје на Никола Карев - Претседател на Крушевската Република од 1903 година.

  • Крушевско езеро

    Идеално место за мир и рекреација, носи мир на твојата душа во секоја сезона, посебно во лето. Моѓете да го користите за трчање, возење велосипед на новата патека наоколу, пливање и сончање за време на топлите летни денови, рекреативен риболов и секако езерото е супер дестинација за неделен пикник.

  • Гумење

    Гумење во минатото беше вистински дел каде што жителите на Крушево работеле. Денес е познат како место за рекреација и игри, особено сакан од помладите но и возрасните исто така. Во негова близина се наоѓа Старото "корзо" - кое во минатото било главно место за дружење и шетање, споменикот на Никола Карев, споменикот Илинден, НОБ музеј и спомен куќата на Тоше Проески и неговиот гроб.

  • Станич

    Локалитетот Станич се наоѓа на запад од Крушево ад коријата. До овој локалитет може да се стигне со жичара која се наоѓа во самиот град. Овој локалитет е познат по зимските спортови. На самиот терен се поставени ски-лифтови и е погоден за рекреативно скијање и санкање.

  • Музеј на Илинденското востание

    Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република е основан на 2 август 1953 на 50 годишнината на Илинденското востание и Крушевската република во куќата од која е извршено прогласувањето на Крушевската Република во 1903 година.Оваа куќа предходно им припаѓала на семејството Томалевски.Во Музејот се изложени голем број експонати од времето на Илинденското востание,оружјето со кое се служеле востаниците, документи и разни предмети од овој период. Тука е и оригиналниот бројчаник од саатот на камбанаријата на Црквата “Свети Никола”, која за време на Востанието била опожарена и разрушена од страна на османлиските војски и башибозукот. Во Музејот се наоѓа и една реплика од легендарното црешново топче, саркофагот во кој се донесени моштите на Никола Карев.