Знаменитости кои може да ги посетите во Крушево

  • Манастир Свети Василије

    Манастирот Свети Василије е сместен 8km од Крушево, во близина на манастирот Свети Спас од една страна и старото село Трстеник од другата страна. Во близина на манастирот може да уживате во убавата недопрена длабока шума која го опкружува. Неговата изградба почнала во 1995 година на основа на бивша црква.

  • Спомен куќа на Тоше Проески

    Спомен куќата на Тоше Проески е отворена на 25-ти април 2011 година. Објектот е со 870 метри квадратни површина и е во форма на крст. Спомен куќата, во која целиот живот на Тоше е прикажан на едно место, е опремена со најсовремена опрема. Во неа има две восочни фигури од Тоше, едната во стоечка положба со микрофон во рака, додека втората во музичко студио како свири на клавир. Во централниот дел од објектот се наоѓа молитвеник со сите верски предмети кои ги поседуваше Тоше, како и неколку негови запишани размислувања или животни филозофии, поврзани со вербата, љубовта, семејството и пријателството. Спомен куќата претставува материјализација на целиот животен пат на Тоше Проески и низ своите содржини обезбедува хронолошки приказ на неговото детство, на тинејџерските години, на периодот кога Тоше го достигна врвот во својата уметничка кариера.

  • Споменик “Илинден” - Македониум

    Споменикот „Илинден“ уште познат и како Македониум е комплекс што се наоѓа во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание.Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.Споменикот Илинден се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцената, па завршува со купола извишена 1320 метри надморска височина, од каде се протега извонреден поглед кон градот Крушево. Денес во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и споменица и биста на Тоше Проески.

  • Мечкин Камен

    Мечкин Камен е еден од најпознатите локалитети во близината на Крушево. Овој локалитет е познат по историската битка што се одиграла на 2 Август 1903 година, одбрана на Крушев ската Република. Во оваа легендарна битка херојски загинал војводата Питу Гули, скоро со целата своја востаничка чета храбро борејќи се против посилниот противник - аскерот на Бахтијар Паша и башибозукот. На овој локалитет е изграден споменик Во чест на Питу Гули и неговата востаничка чета кои храбро се бореа за Крушевската Република .

  • Музеј на НОБ Крушево

    Музејот на НОБ Крушево беше отворен во 1988 година.Во него може да се најдат експонати кои потсетуваат на народноослободителната војна од 1941-1945. Почнувајќи од револуционерните традиции од Илинденското востание и Крушевската Република, Музејот го следи револуционерниот пат на партизанските одвоени сили на "Питу Гули" преку фотографии за време на војната, како и бројни егзибитни експонати (оригинални оружја и предмети користени од страна на војници ). Една од поинтересните експоненти е големата фреска, уметничко дело од страна на познатиот сликар Борко Лазески, кое го изразува текот на војната.