Знаменитости кои може да се посетат во Крушево

  • Крушевска шума

    Љубителите на природата ќе уживаат одејки низ неколку стотини години стара букова шума, исто така позната како "Демирова Корија" така наречен по прекарот на стариот доселеник од Крушево, Демир Трајко, инаку дедо на познатиот револуционер и публицист од Крушево Никола Киров Мајски. Во летниот период Шумата е одлично место за да се скрие од сонцето и да се ужива во свежината на буките.

  • Галерија Никола Мартиновски

    Извонредно творештво на доајенот на современата македонска ликовна уметност, академикот Никола Мартиноски (1903 – 1973), добитник на многубројни признанија. Експонатите, масла и цртежи, што уметникот му ги подари на својот роден град, се сместени во крушевска куќа – уникатен примерок на староградската архитектура од минатиот век. Во одделни простории се постојаните изложби: “Крушевската одаја од 19 век“ и етнолошката поставка “Носиите во Крушево и Крушевско во 19 век“.